klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

ИЈЗ: Стручни лица викендов ги анализираат примероците од Гостивар

ИЈЗ: Стручни лица викендов ги анализираат примероците од Гостивар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·18. 07. 2026. 13:30:49

Институтот за јавно здравје, по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш излезе на терен на посочените локации и зема примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи, информираат од ИЈЗ по симптомите на труење поради кои голем број граѓани побарале лекарска помош во Гостивар. По враќањето на екипата на ИЈЗ од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш се отпочна постапката за анализа на примероците. -Согласно известувањето од ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар за нагло зголемен број пациенти со гастроинтестинална симптоматологија, а со цел анализите да бидат изработени стручно и навремено, стручни лица од Институтот и викендов се на работа и ги анализираат примероците. Резултатите од анализите ќе бидат доставени до барателот, Јавното обвинителство, за натамошно постапување, велат од ИЈЗ. Институтот за јавно здравје е во постојана комуникација и координација со надлежните државни институции.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti