klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар обезбеди 30.000 шишиња вода за гостиварци, еве каде жителите може да ги подигнат

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар обезбеди 30.000 шишиња вода за гостиварци, еве каде жителите може да ги подигнат
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·18. 07. 2026. 13:50:33

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар обезбеди 30.000 шишиња вода за граѓаните. -Поради актуелниот проблем со питката вода и забраната за нејзино користење за пиење, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар обезбеди 30.000 шишиња вода, кои ќе им бидат ставени на располагање на сите граѓани на кои им е потребна, информираат од партијата. Пунктови за подигнување вода ќе бидат поставени на следните локации: Центар – Градски плоштад - 14:00 Мара Угринова – Жито маркет - 14:00 Питарница – кај трансформаторот - 16:30 Кеј Вардар – Малиот мост кај Монтенегро - 16:00 Циглана – Пункт Циглана - 14:00 Малеарди – Старо Кам маркет - 14:00 Џамиџит Маало – кај кошот - 15:00 Дутлок – карши Судот - 18:00 Вруток – центар, кај џамијата - 16:30 Здуње – сред село - 16:30 Дебреше - На центар - 18:30 Балиндол - 18:00 Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат сите граѓани кои имаат потреба слободно да ги посетат пунктовите и да подигнат вода. -Ова е предизвик што не засега сите нас. Токму затоа, во вакви моменти најважни се солидарноста, меѓусебната поддршка и конкретната помош. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар останува покрај граѓаните и ќе продолжи да презема активност, велат од партијата.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti