klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

ИЈЗ: Грижете се за своето здравје додека уживате во летото

ИЈЗ: Грижете се за своето здравје додека уживате во летото
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·10. 08. 2026. 07:25:08

Уживај во летото, создавај убави спомени и грижи се за своето здравје, е пораката што денеска ја упатија од Институтот за јавно здравје, споделувајќи информации за препознавање, превенција и заштита од сексуално преносливи инфекции. - Сексуално преносливите инфекции (СПИ) се инфекции кои најчесто се пренесуваат преку незаштитен сексуален контакт - вагинален, анален или орален. Тие можат да бидат предизвикани од бактерии, вируси или други микроорганизми. Некои СПИ предизвикуваат јасни симптоми, додека други можат долго време да поминат незабележано. Лице кое нема симптоми сепак може да ја пренесе инфекцијата на сексуалниот партнер. Нелекуваните СПИ можат да доведат до сериозни здравствени последици, вклучително воспаленија на репродуктивните органи, проблеми со плодноста, компликации во бременоста и зголемен ризик од одредени видови рак - се нагласува во соопштението. Се истакнува дека навременото тестирање, правилното лекување и превентивните мерки се најдобар начин за заштита. - Сексуалното здравје е важен дел од целокупното здравје. За намалување на ризикот од СПИ се препорачува користење кондом при сексуални односи - правилната употреба значително го намалува ризикот од повеќето СПИ, редовно тестирање - особено кај лица кои имаат нови или повеќе сексуални партнери или сомневање за изложеност. Потоа, навремена посета на лекар при појава на симптоми како необичен исцедок, печење…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti