Ибрахимовиќ за Мадуеке: Дури и кабелот од камерата одигра подобар натпревар од него

Златан Ибрахимовиќ во свој стил, шведската легенда се пошегува дека дури и кабелот од „спајдер“ камерата имал подобар настап од крилниот напаѓач на Арсенал. " Паузата за освежување малку ја смени динамиката бидејќи Џуд Белингам беше најактивниот фудбалер на Англија. Но, мислам дека Англија играше со играч помалку додека Мадуеке беше на теренот. Секојпат кога ќе ја добиеше топката носеше погрешна одлука и само се шеташе по теренот“, изјави Ибрахимовиќ за „Фокс Спортс“. Ниту паузата за освежување не му помогна. Англија практично го почна натпреварот со играч помалку. А ако топката навистина го допрела кабелот, тогаш тој кабел сигурно одигра подобар натпревар од Мадуеке“, додаде Швеѓанецот. Ибрахимовиќ беше убеден дека Мадуеке не придонел ништо за играта и уште за време на паузата повика на негова замена. „Да бев јас Тухел, ќе го заменев бидејќи во првите 45 минути не направи апсолутно ништо“, порача Ибрахимовиќ.


