И ОФИЦИЈАЛНО: Во студентски домови само за студенти до 30 години

Собраниската комисија за образование, наука и спорт денеска на седница заклучи дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, е прифатлив и го проследува на натамошно читање. Предлагачи на законот се пратениците Даниела Христова, Каролина Насковска, Иванка Василевска и Велика Стојкова-Серафимовска. Пратеничката Христова рече дека со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард се дополнува условот за сместување и исхрана на студентите во државните студентски домови, така што се дефинира старосната граница за прием во студентски дом и се доуредува постапката за изрекување воспитни мерки за студентите доколку не се придржуваат до куќниот ред на домот. - Измените се однесуваат на член 24 став 1, каде што по зборот „живеење“, се става запирка и се додаваат зборовите: „а кои не навршиле 30 години на денот на поднесување на барањето за прием во државен студентски дом“. Со овој член се прецизира старосната граница за прием во студентски дом со цел да не се прават злоупотреби и во домовите да се сместуваат оние на кои навистина им е потребна ваква поддршка. Се менува и членот 27, кој се однесува на придржување на куќниот ред во студентските домови, така што на оние студенти што…
Povezane vijesti

„ПЛАТИ ЗА ДА ТИ ГО ВРАТИМЕ ЗЛАТОТО“ - Скопјанец наседнал на измама тешка 28.700 евра
Željko Mitrović ispunio obećanje: Samohrana majka osmoro dece dobila POLA MILIONA, pa sa decom preseljena u privremeni dom, uskoro počinje gradnja nove kuće!
