ВИДЕО: УРНЕБЕСНО – Манчестер Јунајтед се пошегува со „hydration break“ на ФИФА

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед полека се комплетираат и ги интензивираат тренинзите пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата. Тренинг центарот на „Црвените ѓаволи“, Карингтон се исполнува со играчи кои наоѓаат време и да се пошегуваат. Па, така клубот искористи една интересна ситуација меѓу Лени Јоро и Мбеумо да се пошегува со популарната „hydration break“ односно пауза за освежување воведена на Светското фудбалско првенство. Јунајтед објави видео на кое се гледа како Лени Јоро му истура вода на Мбеумо, а снимката ја опиша како „Пауза за освежување: Јунајтед едиција“. Фудбалерите на Јунајтед во тренинг центарот по завршување на Мундијалот го очекуваат и Лисандро Мартинез кој настапува за Аргентина и во недела го игра финалето со својата репрезентација. По вчерашната победа над Англија и пласман во финалето против Шпанија, Мартинез прослави и со своето семејство.
Povezane vijesti

Џеј Ди Венс: Дел од израелската влада се обидувала да влијае врз американското јавно мислење за договорот со Иран

Deschamps nakon ispadanja prozvao suca, Collina mu odmah odgovorio: 'Naši suci su svjetska klasa'
