klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата!

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата!
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·15. 10. 2026. 14:01:00

Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација, а украинскиот ракометар ја сподели својата радост со емотивна порака, во која им се заблагодари на сите што го поддржувале во изминатиот период. „Ова е огромна одговорност, нов предизвик и ново поглавје што го прифаќам со голема гордост и благодарност“, порача ракометарот, кој призна дека добивањето право за настап во македонскиот дрес за него претставува голем чекор и отвора ново поглавје во кариерата. Тој додаде дека искуствата во Македонија му помогнале подобро да ја разбере вредноста на поддршката, особено во моментите кога работите не се одвиваат според очекувањата. Сега пред него е нов предизвик, но и можност да преземе поголема одговорност на репрезентативно ниво. „Во животот на секој спортист доаѓа момент кога е време да направи чекор напред, да прифати нов предизвик и да преземе уште поголема одговорност. За мене, тој момент дојде денес“, истакна Хориха. На крајот, тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене“, порача Хориха, кој сега ќе има…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti