Хилари Свонк го очекува третото дете на 53 години: Актерката ја сподели среќната вест

Познатата актерка Хилари Свонк го очекува своето трето дете на 53-годишна возраст, а среќната вест ја сподели на својот профил на Инстаграм. Хилари Свонк и нејзиниот сопруг, Филип Шнајдер, очекуваат уште едно дете, со што нивното семејство ќе добие нов член. Познатиот пар веќе има близнаци – кои Хилари ги роди на 49-годишна возраст – а таа објави видео на Инстаграм на кое се гледаат таа, нејзиниот сопруг и близнаците како танцуваат во темница, при што нивните тела се исцртани со светлечки стапчиња. Во еден момент, Хилари се појавува и го покажува својот труднички стомак. Видеото беше придружено со интригантен опис, од кој се навестува дека актерката сака да соопшти оти новото дете треба да пристигне во декември. „Многу луѓе ме прашуваат на кој проект ќе работам следно. Овој пристигнува во декември“, напиша Хилари, додавајќи емотикони од бебе и срце. Хилари првпат стана мајка на 49-годишна возраст, кога таа и нејзиниот сопруг, Филип Шнајдер, добија близнаци – ќерката Аја и синот Ом. Таа изјави дека мајчинството ја променило и дека е целосно посветена на своите деца. „Сега сум многу поинаков родител отколку што би била во моите четириесетти. Многу сум потрпелива. Имам многу повеќе разбирање. Позаинтересирана сум отколку што би…
Povezane vijesti

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

„Избраниот“ – театарска вечер што Mozzart ја носи поблиску до публиката
