klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Херои(ни)те на политикантското подземје

Херои(ни)те на политикантското подземје
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·21. 10. 2026. 10:02:13

Просто е фрапантна, необјаснива до неверојатност локалнава тенденција за отворено непријателство што се граничи со омраза, за патолошко негирање до зла конфликтност на сѐ кај другиот, оној различниот – идеолошки, политички, културно…, особено ако тој друг, во даден општествен миг, добива поголема поддршка од граѓанинот и покажува поцврста определба за одбрана на државните интереси во конкретни ситуации. Политичката, па и човечката завист и љубомора кон другата „страна“ во такви случаи се можеби (донекаде) и разбирливи, но не и поривот за огномет од навреди до тотална логореична „војна“, за уништување по секоја цена дури и на нешта што можат да значат придобивка за целото општество. Ако има такви, се разбира. Но мразителите не прифаќаат ништо друго освен – нивното! Затоа, впрочем, и создавањето хистерија за и околу сѐ што може само и да наликува на некаков плус за личната „кауза“, врескање за поименичен линч за ситуации во коишто во далеку поизразени димензии кумувале токму тие, тиради за некаква и нечија одговорност која што, споредена со нивната историска неодговорност, е дури комична. Сето тоа во извесна доза стреми кон создавање конфузија во македонското општество, цели кон атмосфера на недоверба и хаос полезни единствено за други инволвирани страни и сведочи за неединство во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti