klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Љубчо пак се излизга за сите пари: ВО БУГАРИЈА ПОСТОЕЛЕ ФАШИСТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ!

Љубчо пак се излизга за сите пари: ВО БУГАРИЈА ПОСТОЕЛЕ ФАШИСТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ!
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·16. 10. 2026. 08:20:48

Лидерот на ВМРО-Народна партија и поранешен македонски премиер Љубчо Георгиевски реши да одржи мала „историска лекција“ на Фејсбук. Наброја фашисти и соработници на нацистите од Франција до Русија и Србија, за на крајот да ја соопшти поентата: „Единствено фашисти немаше во Бугарија“. Убаво би звучело кога би било точно. Ама – не е. Во Бугарија пред и за време на Втората светска војна постоеле повеќе организации кои во историографијата се идентификуваат како фашистички, профашистички или националсоцијалистички. На списокот се Сојузот на бугарските национални легиони, Сојузот на ратниците за напредок на бугарштината, Народното социјално движење на Александар Цанков, „Родна заштита“, па дури и организација со име Националсоцијалистичка бугарска работничка партија. Овие движења не ги измислила југословенската комунистичка историографија. Нивното постоење, идеологијата, антисемитизмот, антипарламентаризмот и врските со европската фашистичка десница се предмет на сериозни историски истражувања. Оксфордската историја на Бугарија, на пример, зборува за националистички, фашистички и протофашистички групи кои биле охрабрени од политиката на власта. Особено познат бил Сојузот на бугарските национални легиони, со кој е поврзан генералот Христо Луков. Постоеле и „Ратниците“, со отворен антисемитизам и идеолошка блискост со националсоцијализмот, како и движењето на Александар Цанков. Колку и денес некому да му пречи зборот „фашистички“, историскиот спор околу карактерот на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti