klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Хасан: Бетон Герасимовски ветуваше функционална општина, а 3000 пријави од граѓани седат нерешени

Хасан: Бетон Герасимовски ветуваше функционална општина, а 3000 пријави од граѓани седат нерешени
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·21. 10. 2026. 11:15:23

Денеска се наоѓаме во Дебар Маало, на улицата „Орце Николов“, каде што граѓаните пријавуваат проблем поврзан со објект, кој според нивните наводи, дел од површината зафаќа државно земјиште, истакна на прес-конференција Сузан Хасан, член на ОК Центар на ВМРО – ДПМНЕ. Наместо да добијат навремени одговори и институционални реакции, жителите, посочи таа, се соочени со неизвесност. „Затоа бараме Општина Центар да ги провери наводите, да ја утврди каква е фактичката и правната состојба на земјиштето и јавно да ги информира граѓаните за преземените мерки“. Дополнително како што рече, се отвора сериозно прашањето за капацитетот на градежната инспекција, која според информациите кои ги имаат во партијата, во моментот не ни постои. „Според информациите што ги добиваме, во Општина Центар има околу 3.000 нерешени пријави од граѓани. Овие податоци бараат официјална потврда од Општината. Господине Бетон Герасимовски, ако сега започнете да ги решавате наталожените проблеми. Колку време ќе им биде потребно на граѓаните за да добијат одговори? Општината не смее да биде заглавена во административни проблеми, додека граѓаните чекаат институциите да си ја завршат работата. Во јавните настапи за време на кампањата во 2025 година, Бетон Герасимовски заедно со неговиот ментор Филипче ја истакнуваа непосредната комуникација со граѓаните и средбите „од врата…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti