Хали Бери на суд поради наводно злоставување, синот сведочеше речиси четири часа

Правната битка меѓу холивудската актерка Хали Бери и нејзиниот поранешен сопруг, Оливие Мартинез, доби нов пресврт. Нивниот 13-годишен син, Масео, сведочеше речиси четири часа за време на судско рочиште во Лос Анџелес, во рамки на постапката за барањето на Мартинез за забрана за приближување на актерката, поради наводи за семејно насилство, пренесува „Page Six“. Бери пристигнала во Вишиот суд придружувана од својот свршеник, Ван Хант, додека Мартинез дошол заедно со нивниот син. Според сведоци, атмосферата во судницата била напната, а поранешните сопружници наводно разменувале студени погледи. Судијката Шели Кауфман го повикала Масео да сведочи, но претходно наредила судницата да биде испразнета за да се заштити приватноста на малолетникот. За време на паузата за ручек, момчето било забележано како разговара со татка си, додека со мајка си не остварило контакт во зградата на судот. По речиси четиричасовното сведочење на синот, 60-годишната актерка се вратила во судницата со очи полни со солзи. Адвокатот на Мартинез, Патрик Багдасеријанс, во изјава за „Page Six“ го пофалил својот клиент како родител. „Оливие е прекрасен татко полн со љубов. Тој е многу грижлив и сака само најдобро за својот син“, изјавил адвокатот. На 1 октомври била издадена привремена забрана за приближување против Бери, откако Мартинез тврдел…


