Голема повелба на хуманизмот за Архиепископот г.г. Стефан по повод 40-годишнината од неговото замонашување

Хуманизмот е помагање на другиот и на народите, а делото на Светите браќа Кирил и Методиј и на Светите Климент и Наум и денес им помага на многу народи, порача поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кому денеска во Охрид му беше врачена Големата повелба на хуманизмот по повод 40-годишнината од неговото замонашување. Заблагодарувајќи се за признанието, архиепископот Стефан пред присутните на церемонијата во Куќата на МАНУ, потсети дека неговото замонашување се случило во 1986 година, на празникот на Свети Наум, за по 40 години признанието да му биде врачено повторно на празник посветен на светителите и просветителите. - Никому ништо во живот не му се случува случајно. Да се замонашаш на Свети Наум, а признание да добиеш на Свети Климент и на празникот на Светите Седмочисленици, како што ги именуваме Светите браќа Методиј и Кирил, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, се личности директно основоположници, не само кај нас, туку и кај многу други народи, на хуманоста, а не на човекоубивањето, рече архиепископот Стефан. Тој во оваа прилика го истакна делото на светителите, за кое нагласи дека ја претставува самата суштина на хуманизмот – помагање на другиот и на народите. - Нивното дело, нивната…


