Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат

Податоците на Евростат покажуваат дека Македонија има меѓу најниските цени на храната и пијалаците во регионот - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за податоците на Евростат според кои цените на храната и безалкохолните пијалаци во земјата се за 25 проценти пониски од просекот на 36 европски земји. Мицкоски, кој денеска присустуваше на пуштањето во употреба на улицата „Прохор Пчињскиʼʼ во населено место Чифлик во општина Чешиново Облешево, рече дека според ценовниот индекс со референтна вредност 100, земјава е меѓу државите со најниски цени во регионот. -Еуростат објави податоци коишто се однесуваат на реперот 100, дека ние се наоѓаме како држава со најниски цени од аспект на пијалаците и од аспект на храната, убедливо најниски во регионот, со што паѓаат сите тези на оние злонамерници изминатиов период коишто ширеа лаги и дезинформации. Се разбира, тука пред сè мислам на поединечни синдикалци коишто се практично опозициски коалициони партнери. И со тоа паѓа таа нивна теза. Се разбира дека сите проблеми не се решени, треба многу од проблемите да се решаваат, бидејќи тоа што се случувало повеќе од 30 години, ние не можеме за две години да го решиме. Но, голем дел од проблемите се решени или се во…
Povezane vijesti

Novaković Đurović: Rokovi za Velje brdo ponovo se pomjeraju, građanima trebaju dostupni stanovi širom Crne Gore

Дожд од среда попладне, пообилни врнежи в четврток
