klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Голем пожар во источна Албанија, евакуирани 11 семејства

Голем пожар во источна Албанија, евакуирани 11 семејства
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·05. 07. 2026. 16:46:58

Пожар од големи размери е регистриран во регионот на селото Дриз кај градот Фиер, источна Албанија. Поради опасност од ширење на огнот евакуирани се 11 семејства, има опожарени куќи, а блокиран е сообраќајот на делницата Ќафа е Кошовица-Цакран. Според полицијата, пожарот избувнал во близина на местото викано „Азотик“ во селото, но поради ветерот брзо се проширил и во шумските предели на неколку соседни села. Во гаснењето на пожарот вклучени се противпожарни единици од неколку соседни градови на Фиер, специјалната полициска единица "Шќипоња", припадници на армијата, како и два армиски хеликоптери. Досега нема извештаи за повредени, но неколку амбулантни возила се на различни локации, во случај на потреба. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti