klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Пожар во близина на Неа Каликратија на Халкидики – евакуирани две села

Пожар во близина на Неа Каликратија на Халкидики – евакуирани две села
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·04. 07. 2026. 16:52:28

Голем пожар во близина на Неа Каликратија на Халкидики избувна околу 17.30 часот по локално време, а кусо подоцна од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите оние кои се наоѓаат во местата Амбелакија и Кипуполи да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина. Во справувањето со огнената стихија, што е во непосредна близина на домови, интервенираат 45 пожарникари со два пешадиски тима и 12 возила, помагаат волонтери, како и цистерни од периферијата, а од воздух се гасне со пет авиони и три хеликоптери. Кусо пред 18 часот до жителите и оние кои се во близина на пожарот беше испратена порака од 112 да бидат во состојба на готовност, а 20 минути подоцна до оние кои се во Кипуполи и Амбелакија да се оддалечат кон Неа Каликратија. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti