Го славиме светиот свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јули. Светиот свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија Живееше во еден манастир близу градот со десетмина ученици. Во времето на Диоклецијан во Севастија дојде Филомарх, лут мачител на христијаните. И ги испофаќа и уби мнозина христијани од градот. Кога тој Филомарх ги виде Атиноген и неговите ученици, му рече на Старецот да им принесат жртви на идолите за да не загинат како што пострадаа другите христијани. Атиноген му одговори: „О мачителу, тие што ги нарекуваш загинати не се загинати, туку на небото ликуваат со ангелите.“ Се памети трогателна глетка со една срна, којашто порано се хранела од рацете на Атиноген, а кога го видела во неволја, притекнала кај него и пролевала солзи. И горските ѕверови имаа повеќе сострадалност кон Христовите маченици отколку незнабожците. После тешки мачења, при коишто ангел Господов ги ублажуваше мачениците, сите беа убиени со меч: најпрво свештениците и сотрудниците на Атиноген, а потоа и самиот Атиноген. Во небесната татковина се преселија во 311 година. Тропар Нема ученик поголем од својот учител, но радоста учителска е потполна кога ученикот ќе го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свет со своите ученици како јагниња на колење беа испратени, а од…
Povezane vijesti

Patrijarh Porfirije: Srbi u Australiji svojim sabranjem primjer sunarodnicima u Srbiji

Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка
