klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ѓорѓиевски: За десетина дена започнува поврзувањето на тунелот под „Лимак“ со бул. „Македонија“

Ѓорѓиевски: За десетина дена започнува поврзувањето на тунелот под „Лимак“ со бул. „Македонија“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 07. 2026. 19:56:32

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, најави дека во наредните десетина дена започнуваат градежните активности за поврзување на подземната сообраќајница под „Лимак“ со булеварот „Македонија“, како и изградбата на кружни текови на влезот и излезот од оваа клучна сообраќајница за главниот град. „Во наредните десетина дена започнуваме со втората фаза, односно со изградба на тунелите за поврзување со подземната сообраќајница под ‘Лимак’, во правец од Центар кон Кисела Вода“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски. Пуштањето во употреба на подземниот булевар „Македонија“ под „Лимак“ е еден од врвните приоритети на градоначалникот Ѓорѓиевски и претставува капитален проект од исклучително значење за Скопје. Станува збор за инвестиција која ќе донесе вистински пресврт во централното градско подрачје, ќе придонесе за значително растоварување на сообраќајниот метеж и ќе овозможи побрзо, побезбедно и пофункционално движење низ центарот на градот. Градот Скопје во изминатиот период, со интензивна работа, ја комплетираше првата фаза од овој проект, која опфати проширување, адаптирање и подготовка на улиците што ќе ја примат очекуваната зголемена фреквенција на сообраќај кон подземната сообраќајница. Со забрзано темпо оваа пролет се работеше на булеварот „Борис Трајковски“, кај Рампа, на улиците „11 Октомври“ и „Пролет“, како и на булеварот „Македонија“…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti