klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 07. 2026. 18:21:34

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Град Скопје во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија се осврна на проектите кои се реализираат на територијата на Градот Скопје, меѓу кои и за почетокот на теренските градежни активности за мостот Генерал Михајло Апостолски, кои беа најавени претходната недела. „Во програмата внимателно ветував и кога стануваше збор за овој мост каде што знам дека има и судски процеси отпочнато, има неколку судски процеси коишто не зависат од нашиот ангажман како Град Скопје, кажав дека до крајот на мојот мандат ќе биде функционален мостот, но многу порано го постигнуваме тоа бидејќи ги решивме оние експропријации коишто се клучни за да можеме да овозможиме простор за движење на возила односно да го направиме функционален мостот“, појасни Ѓорѓиевски и додаде: „Не беше тоа единствениот проект којшто беше закочен изминативе 10-тина години, Момин поток со силен интензитет се реализира, таму се целосно решени имотно-правните односни, булеварот Борис Трајковски целосно се реализира, мостот на Љубљанска, решени се целосно имотно-правните односи, она што е најважно во наредните 10-тина дена започнуваме со втората фаза односно со тунелите за Лимак во делот од Центар кон Кисела Вода-спојувањето.“ Ѓорѓиевски истакна дека освен тоа што се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti