Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради денес – со можности, поддршка и доверба

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, постојаниот координатор на ОН, Рита Колумбија, директорот на НАЛАС, Келменд Заза, како и градоначалници и претставници на локалните власти од земјата и регионот, учествуваа на регионалниот форум во Скопје посветен на локалното лидерство за млади, мир и безбедност. - Како градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС, верувам дека нашата одговорност започнува со подготвеноста да ги слушнеме младите и да им дадеме вистински простор да учествуваат во одлуките. Нивните идеи, потреби и предизвици мора да бидат дел од политиките што ги создаваме, затоа што тие најдобро знаат со какви пречки се соочуваат и какви промени очекуваат во своите средини. Токму во нашите општини се гради довербата во институциите, чувството на припадност и сигурноста дека секој има еднаква шанса. Затоа ни се потребни активни младински совети, достапни младински центри и службеници за млади кои ќе бидат вистинска врска меѓу младите и локалната власт. Особено внимание мора да им посветиме на младите кои се соочуваат со сиромаштија, исклученост или нееднакви можности. Секој заслужува поддршка, почит и можност да го оствари својот потенцијал, изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски на форумот…
Povezane vijesti

Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце – Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град

Ѓорѓиевски: Никој не смее да биде сам кога му е најтешко – Скопје е град на солидарноста и на големите срца
