klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Ги напумпала усните па се предомислила – Емина Јаховиќ не чекала долго да го врати природниот изглед

Ги напумпала усните па се предомислила – Емина Јаховиќ не чекала долго да го врати природниот изглед
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·26. 06. 2026. 06:50:11

Пејачката Емина Јаховиќ важи за една од најатрактивните жени на јавната сцена и ретко зборува за козметичките процедури на кои се подложила. Овој пат, таа направи исклучок и без двоумење откри за која интервенција брзо се покајала, па решила веднаш да ја отстрани. Како што кажала, во време кога зголемувањето на усните со хијалурон станало вистински тренд, самата сакала да види како ќе изгледа со пополни усни. Сепак, резултатот не ѝ се допаднал, поради што не чекала долго за да го врати својот природен изглед. Пејачката Емина Јаховиќ отворено проговорила и за козметичките зафати на кои се подложила низ годините. Таа официјално потврдила дека имала операција на носот, како и претходно споменатата операција на усните, додека другите зафати се предмет на јавни шпекулации со години. Операција на носот (ринопластика) – Емина еднаш изјави дека го скршила носот на 14 години, поради што подоцна морала да се оперира. Бидејќи морала да чека коските на лицето целосно да се развијат, таа ја направила процедурата дури на 21 година. Врз основа на фотографии од различни периоди од нејзината кариера, тамошните медиуми и некои естетски хирурзи честопати наведуваат дека Емина веројатно користела и одредени нехируршки козметички третмани, вклучувајќи: обликување на јаболчниците со хијалуронски филери…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti