Гаши: Денот на Републиката нè обединува околу вредностите врз кои е изградена државата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој празник нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. -2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание (1903) и Првото заседание на АСНОМ во Прохор Пчински (1944). Овие два историски настана го претставуваат континуитетот на стремежот кон држава изградена врз слободата, демократијата и одговорноста кон граѓаните, истакнува Гаши во честитката. Но, како што посочува, тежината на овој ден не се состои само во историјата што ја наследуваме, туку и во примерот што го даваме секој ден. -Тој нè повикува да размислиме како ги живееме идеалите врз кои е изградена Републиката, нè мери според начинот на кој ги почитуваме институциите, како ја штитиме демократијата, како се слушаме едни со други и како заедничкиот интерес го ставаме над поделбите, додаде Гаши. Затоа, според претседателот на Собранието, треба да го искористиме овој ден за да ја обновиме нашата заедничка посветеност: институциите да бидат пример за интегритет, медиумите глас на јавната одговорност, граѓаните активни учесници…
Povezane vijesti

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје организираше инклузивна работилница по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап

Provela 500 dana sama u špilji 70 metara pod zemljom: Kad je izašla, otkrila je zastrašujuće posljedice izolacije
