klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

(фото) ВАШИНГТОН ТАЈМС ВО 1903-та: Близу половина од населението во Бугарија се Македонци по род или по потекло

(фото) ВАШИНГТОН ТАЈМС ВО 1903-та: Близу половина од населението во Бугарија се Македонци по род или по потекло
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·10. 07. 2026. 09:23:21

Наспроти тезата за „настанокот на Македонците“ од 1944 година, еве што пишува за тоа Х.Р. Чемберлејн, дописник на Вашингтон Тајмс од Софија, во дописот од недела, 26. април, 1903 година на страница 3. „Вистина е дека оваа земја (се мисли на Бугарија з.н.) силно сочувствува со Македонското движење. Близу половина од населението (се мисли во Бугарија з.н.) се Македонци, по род или по потекло“, пишува дописникот на Вашингтон Тајмс од Софија во 1903-та година. Својот допис го почнува вака: „Тие се стремат за ништо помалку од независност, иако таа нивна амбиција ја прикриваат со терминот автономија. Добрите познавачи се убедени дека независна Македонија би значело најцрна анархија во земјата. Можеби би требало да објаснам дека востаниците имаат поголема цел, како што ми беше објаснето пред некој ден, со речиси фанатичен ентузијазам, од нивниот врховен лидер, пренесува ДЕНЕШЕН.МК. Тој вели дека посакува да се формира Балканска, или како што тој се изрази, Јужнословенска федерација, која би се состоела од Бугарија, Србија, Албанија, Македонија и Романија. Цел на оваа федерација би била да се спречи пан-руската и пан-германската експанзија, а тој посакува да обезбеди активна поддршка за ова од Велика Британија и Франција. Бесцелно би било да му се објаснува нему апсурдната…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti