klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Бугарија се уплаши од поддршка на Маѓар за Македонија

Бугарија се уплаши од поддршка на Маѓар за Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·09. 07. 2026. 07:48:58

Ставот на новиот унгарски премиер Петер Маѓар кој отворено се заложи за европскиот пат на земјите од Западниот Балкан не е добра вест за Бугарија. Вака смета Спас Ташев, професор по национална безбедност и директор на одделот „Демографија“ во Бугарската академија на науките (БАН). – Разговарав со бугарски европратеници кои ми кажаа дека го информирале Маѓар за бугарската позиција и за суштината на проблемите во Скопјe. Бидејќи тој продолжува да ги повторува истите тези, очигледно е во прашање свесно политичко однесување – вели Ташев во интервју за бугарски „Телеграф“. Според него, изјавите на Маѓар треба внимателно да се разгледаат. – Тие се дел од пошироко прегрупирање на влијанието на Балканот, во кое Македонија станува поле на конкуренција помеѓу различни геополитички центри кои би сакале да имаат свој Тројански коњ во Европа. Ова не се добри вести ниту за Бугарија, ниту за Европската Унија. Европа тешко може да биде силна во странство ако дозволува такви линии на поделба во себе – заклучува основачот и прв директор на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје во одговорот на прашањето „Како го толкувате ставот на унгарскиот премиер Маѓар дека Северна Македонија неправедно е забавувана на нејзиниот пат кон ЕУ?“. Претседателката Гордана Силјановска, која денеска учествуваше…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti