klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

(ФОТО) Пожарникарите од Кристал Турија обучени за гасење пожари

(ФОТО) Пожарникарите од Кристал Турија обучени за гасење пожари
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·06. 07. 2026. 08:22:06

Челновите на Доброволното противпожарно друштво „Кристал – Турија“ од Василево успешно ја завршија обуката за гасење пожари на отворен простор. „Доброволното противпожарно друштво „Кристал Турија“ – Василево е наша гордост! Денес остварив средба со членовите на друштвото, кои успешно ги поминаа сите потребни обуки и добија соодветни сертификати“ стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој лично им ги додели сертификатите. Доброволното противпожарно друштво Кристал Турија е прво такво здружение на територијата на општина Василево, формирано пред нешто повеќе од една година и веќе успешно функционира. Опремено е со неколку специјални возила, обезбедени како донација кои беа вклучени на терен во успешно справување на пожари на неколку локации. „За првпат, Општина Василево има свое доброволно противпожарно друштво – значаен чекор за поголема безбедност на нашите сограѓани. Особено радува што „Кристал Турија“ веќе има успешно реализирани интервенции и покажува подготвеност да помогне секогаш кога е потребно. Се надевам дека опремата и возилата ќе се користат што поретко, но важно е што Василево денес има обучени и посветени луѓе подготвени да реагираат во секој момент. Продолжуваме заедно да градиме побезбедна и посилна Општина Василево“, порачува градоначалникот Андонов.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti