klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·26. 06. 2026. 17:17:30

До 18 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се сè уште активни, а пет се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општините Василево и Прилеп, каде гори ниска вегетација. Во Василево пожарот е на територија на село Нова Маала, додека во Прилеп зафатено е подрачјето на местото викано „Маркова Чешма“. Од ЦУК соопштуваат дека депонија горела во село Банско, општина Струмица. Ниска вегетација и борова шума гореле во населбата „Света Недела“ во општина Штип. Останатите изгаснати пожари биле на територија на општините Прилеп, Липково и Струга, каде опожарена била ниска вегетација. МИА

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti