ФОТО: Отстранети опасни гранати во кумановско и од Охридско Езеро

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) отстрани опасни неексплодирани експлозивни средства (НУС) – гранати и други оружја од минатите војни во почетокот на август, што беа пронајдени и во Кумановско и на крајбрежјото, во водата на Охридско Езеро, со асистенција на МВР и учество и на други служби и институции од државата. Конкретно, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги отстранува согласно стандардните оперативни процедури (СОП), безбедно, се до нивно целосно уништување, преку вработените пиротехничари. Прво беа отстранети две артилериски 75-милиметарски гранати кај село Мургаш, Кумановско. Потоа, од Охридско Езеро близу брегот кај Љубаниште, е пронајдена рачна бомба од Прва светска војна. Интервенциите беа спроведени од ДЗС во координација и со соодветни мерки со повеќе институции со МВР, при што во Охридско помагаше СВР Охрид со езетската полиција на пиротехничарот на ДЗС, Зоран Пејев. -Инаку, при пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат, туку едноставно да се јават за локацијата со опис на тоа што виделе и пронашле, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК, по што ќе се преземат соодветни мерки од институциите според стандардни оперативни процедури и пиротехничарите на…
Povezane vijesti

Се мапира еколошка пешачка патека до манастирот на Тиквешко езеро

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција
