ФОТО: Марк Ентони стана татко по осми пат, второ дете со четвртата сопруга

Марк Ентони и неговата сопруга Надија Фереира го добија нивното второ заедничко дете, ќерката Мајла. Пејачот среќната вест ја сподели преку фотографии со своите обожаватели на Инстаграм. „Колкав благослов е да можеме со вас да го споделиме доаѓањето на нашата драга Мајла. Не можете ни да замислите колкава среќа владее во нашиот дом“, напишаа Ентони и Фереира. Двојката со објава на Инстаграм, во јануари потврди дека го очекуваат своето второ дете, а само два месеци подоцна Фереира го откри полот на бебето. View this post on Instagram A post shared by Nadia Ferreira (@nadiaferreira) „Среќна трета годишнина! Каков прекрасен подарок ни подари животот. Бог е голем, напишаа тогаш покрај фотографија. Надија Фереира и Марк Ентони се во брак од јануари 2023 година. Фереира ова е прв брак, додека пак за Ентони е четврта среќа. Пејачот претходно беше оженет со манекенката Шенон Де Лима, со која беше во брак од 2014 до 2017 година.
Povezane vijesti

Станојоски испиша историја како прв ветерански првак на Македонија во шах!
