ФОТО: Град Скопје испраќа помош за Гостивар, цистерни со питка вода за жителите

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека испраќаат помош за Гостивар по забраната за пиење на водата откако голем број граѓани побараа лекарска помош со симптоми на труење, а надлежните институции истражуваат што се случило со водата од градскиот водовод во градот. -Во вакви моменти нема место за чекање - потребни се брза реакција, човечност и солидарност! Град Скопје веднаш испраќа цистерни со питка вода за жителите на Гостивар, со цел да им се обезбеди безбедна вода за пиење во периодот додека траат испитувањата и сè до целосно надминување на состојбата. Како претседател на ЗЕЛС, упатувам апел до сите мои колеги градоначалници, во рамките на своите можности, да понудат и испратат помош. Само обединети и солидарни можеме полесно да се справиме со оваа сериозна состојба и да им дадеме сигурност на граѓаните дека не се сами, објави Ѓорѓиевски. Тој изрази загриженост за целиот случај и упати апел до надлежните институции темелно и транспарентно да ги утврдат причините, а доколку се утврдат неправилности - да има одговорност. -Град Скопје и јас како градоначалник ќе останеме со гостиварчани сè додека трае оваа состојба. Нашата помош и поддршка ќе бидат постојани, сè до нејзино целосно надминување. Во неволја се познава човечноста, вели…
Povezane vijesti

Demografski slom Šibensko-kninske županije: Knin izgubio trećinu stanovnika, Šibenik gotovo 5.500!

Англиската легенда Руни верува дека Тухел заслужува нова шанса
