klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Хрватска и постави осум услови на Црна Гора пред членството во ЕУ

Хрватска и постави осум услови на Црна Гора пред членството во ЕУ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·14. 10. 2026. 12:56:42

Хрватска испрати документ до земјите-членки на ЕУ во кој го презентира својот став за отворените прашања со Црна Гора, наведувајќи ги условите што Подгорица мора да ги исполни пред да стане членка на европскиот блок, јави РСЕ. Дел од тие барања е директно поврзан од Загреб со затворањето на поглавјата од преговорите 23 (Судство и фундаментални права) и 31 (Надворешна, безбедносна и одбранбена политика). Како што дознава Радио Слободна Европа (RSE) од дипломатски извори, Хрватска го проследила документот до другите земји-членки на почетокот на оваа недела. Во документот, до кој RSE имал пристап, се наведува дека клучните отворени прашања „мора да се решат пред Црна Гора да се приклучи на Европската Унија“. Загреб вели дека опипливиот напредок е клучен за широка јавна, политичка и парламентарна поддршка во Хрватска, вклучително и ратификацијата на договорот за пристапување со Црна Гора. Повеќето од барањата се однесуваат на последиците од војната во 1990-тите и се класифицирани под Поглавје 23. Тоа е, заедно со Поглавје 24, едно од двете клучни поглавја за владеењето на правото. Тие две поглавја се првите што се отвораат и последните што се затвораат во преговорите за пристапување, а напредокот во нив го одредува темпото на целиот процес на пристапување. Заедничкиот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti