Европскиот парламент со нови правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај

Европскиот парламент усвои нов пакет правила со кои значително се зајакнуваат правата на авионските патници во Европската Унија. Реформата предвидува поголема транспарентност при продажбата на авионски билети, бесплатно седење на родителите до нивните деца и поедноставени процедури за добивање обесштетување во случај на доцнење или откажување на летови. Предлогот доби силна поддршка од европратениците и сега треба формално да биде одобрен од земјите членки на ЕУ. По неговото стапување во сила, авиокомпаниите ќе имаат една година да ги усогласат своите политики. Една од најзначајните новини е што семејствата повеќе нема да плаќаат дополнително за родителите да седат покрај своите деца. Со ова, Европската Унија сака да стави крај на практиката патниците да бидат разделувани во авионот доколку не платат за избор на седишта. Новите правила предвидуваат и целосна транспарентност на цените. Авиопревозниците ќе мора однапред јасно да ги прикажат сите трошоци, вклучувајќи ги и оние за избор на седиште, багаж и други дополнителни услуги, за патниците уште при резервацијата да знаат колку навистина ќе ги чини патувањето. Во однос на доцнењата, остануваат постојните правила за обесштетување. Патниците ќе имаат право на надомест доколку летот доцни три часа или повеќе по вина на авиокомпанијата. Надоместокот ќе изнесува 250 евра за летови…
Povezane vijesti

Трамп ја обвини Кина за вмешаност во изборите во САД во 2020 година

Менаџерски договор наместо вработување за директорите во осигурителните фирми
