klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Европската комисија го назначи извршниот потпретседател Фито за нов специјален пратеник на ЕК за Кипар

Европската комисија го назначи извршниот потпретседател Фито за нов специјален пратеник на ЕК за Кипар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·13. 07. 2026. 12:44:50

Извршниот потпретседател на Европската комисија Рафаеле Фито е новиот специјален претставник на Комисијата за Кипар, со цел, како што соопштија од ЕК, да придонесе во процесот на решавање на кипарското прашање во рамките на Обединетите нации, во тесна соработка со личниот претставник на генералниот секретар на ОН за Кипар, Марија Анхела Олгин Куељар. Од Европската Комисија додадоа дека именувањето на Фито ја одразува силната посветеност на ЕК за повторното обединување на Кипар, со цел постигнување функционално и одржливо сеопфатно решение, во согласност со соодветните резолуции на Советот за безбедност на ОН и во рамките на принципите, вредностите и законодавството на Европската унија. - Извршниот потпретседател Фито ќе го искористи своето долгогодишно искуство во европското управување, регионалната соработка и институционалниот дијалог. Тоа ќе ги поддржи напорите на Комисијата за олеснување на напредокот кон сеопфатно решение за кипарското прашање, соопштија од ЕК и додадоа дека Фито ќе соработува со сите инволвирани страни и соговорници со цел создавање услови за продолжување на преговорите и поддршка на сеопфатно и трајно решение, вклучително и преку градење доверба меѓу сите засегнати страни и учесници во процесот. Фито, на Икс напиша дека за него е чест што е назначен за специјален претставник за Кипар и ѝ се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti