Евркомесарката за проширување Марта Кос во посета на Скопје

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска ќе пристигне во Скопје да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на агендата за реформи во рамките на планот за раст за Западен Балкан. До денес земјата доби 142,1 милиони евра во рамките на Инструментот за реформи и раст по напредокот во спроведувањето на клучните реформи. За време на посетата комесарката Кос ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Предвидено е тие да одржат тет-а-тет средба, а потоа ќе се одржи билатерална средба со владини претставници. Кос и Мицкоски предвидено да се одржат заедничка прес-конференција во Владата. Еврокомесарката за проширување ќе има средба и со и со вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали и со претседателот на Собранието, Африм Гаши. Комесарката Кос ќе посети студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, реновиран со средства од ЕУ. Таа исто така ќе се сретне со младински организации од земјата за да разговараат за можностите што ги нуди поблиската интеграција со ЕУ на младите луѓе, вклучително и преку програми, како што се „Хоризонт Европа“ и „Еразмус+“. Подоцна во текот на денот, комесарката Кос ќе се сретне со претставници на организациите на граѓанското општество и медиумите за да…
Povezane vijesti

Спроведувањето на реформската агенда во фокусот на денешната посета на еврокомесарката Марта Кос на Скопје

Прес-конференција на премиерот Мицкоски и еврокомесарката Кос (ВО ЖИВО)
