klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Емотивно простување на Дешам: Не го направив она што требаше

Емотивно простување на Дешам: Не го направив она што требаше
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·19. 07. 2026. 03:58:29

Дидие Дешам не можеше да ги сокрие емоциите по својот последен натпревар како селектор на Франција. По поразот од Англија со 6:4 во натпреварот за третото место на Светското првенство 2026, легендарниот француски стратег низ солзи зборуваше за натпреварот, сопствената одговорност и годините поминати со националниот тим. Франција одигра катастрофално прво полувреме и на паузата замина со негатива од четири гола. Во продолжението, сепак, успеа да се доближи до 4:3 и пропушти две големи можности за израмнување. „Очигледно е дека ова е пораз. Одигравме ужасно прво полувреме, но добро реагиравме. Имавме две шанси да израмниме на 4:4. Потоа тргнавме уште поофанзивно, што е нешто што знаеме да го правиме“, изјави Дешам. „Мојата грешка е“ Францускиот селектор ја презеде одговорноста за слабиот почеток на својата екипа. „За жал, тоа е моја грешка. Во првото полувреме не го направив она што требаше“, призна Дешам. И покрај поразот, тој се обиде да ги истакне и позитивните страни од настапот на Франција, како и од целиот турнир. „Имаше и нешто позитивно, иако поразот боли. Направивме и добри работи и не беше сè лошо. Имаме група со вистински фудбалски талент и млади играчи кои допрва ќе напредуваат. Оваа екипа има сè што е потребно за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti