Чуамени: Сакавме да му подариме победа на Дешам

Орелјен Чуамени откри дека Дидие Дешам на полувремето од натпреварот против Англија одржал силен и емотивен говор со кој се обидел да ја разбуди целосно деморализираната француска репрезентација. „Триколорите“ по првите 45 минути губеа со убедливи 4:0, но во продолжението покажаа реакција и успеаја да се вратат во натпреварот. Сепак, на крајот беа поразени со 6:4. „Бевме решени да победиме од повеќе причини, но особено поради селекторот. Не се одвиваше онака како што посакувавме, особено во првото полувреме. Успеавме да се прегрупираме како тим и да го покажеме нашето подобро лице, но тоа не беше доволно. Разочарани сме“, изјави Чуамени. Дешам ги разбудил со говор на полувремето Францускиот играч за врска призна дека фудбалерите уште при заминувањето во соблекувалната биле свесни колку лошо одиграле. „Добро знаевме дека не го правиме она што треба. Можеше да биде и полошо, но селекторот одржа исклучителен говор на полувремето. Им помогна на сите повторно да се фокусираат и во продолжението да покажат нешто многу подобро“, рече Чуамени. Тој не сакаше да ги открие сите детали од последниот говор на Дешам пред француските репрезентативци. „Нема да навлегувам во детали. Главно зборуваше за гордоста и должноста да дадеме сè од себе за дресот на француската репрезентација…


