klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Единствениот кец во ракавот на Филипче е попустливоста кон официјална Софија

Единствениот кец во ракавот на Филипче е попустливоста кон официјална Софија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·30. 06. 2026. 07:42:30

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон лидерот на СДС, Венко Филипче, обвинувајќи го дека нема политичка стратегија, визија и план за развој на државата, туку дека единствената политика што ја нуди е, како што велат, попустлив пристап кон официјална Софија. Од партијата наведуваат дека Македонија има јасна и принципиелна позиција во однос на европските интеграции, со цел не само формално отворање на преговорите со Европската Унија, туку и нивно успешно завршување без нови условувања и блокади. Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот став го делат и повеќе меѓународни претставници, кои, како што се наведува во соопштението, предупредиле дека не треба да се бараат отстапки од Македонија без јасни гаранции дека нема да следуваат нови барања од Бугарија поврзани со идентитетски прашања. „Тие ставови ги слушнавме викендов во Дубровник на меѓународниот собир, каде беше посочено дека е несериозно да се врши притисок врз Македонија да ги вклучи Бугарите во Уставот без гаранции дека Софија нема повторно да поставува нови услови“, се наведува во партиското соопштение. ВМРО-ДПМНЕ оценува дека, за разлика од политиките на актуелната Влада, СДС и Венко Филипче повторно нудат „матрица на безусловни отстапки“, при што, според партијата, приоритет им е враќањето на власт, а не заштитата на националните интереси. Во соопштението се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti