klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст – онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра

Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст – онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·14. 07. 2026. 09:11:06

Домашната е-трговија продолжува да расте: 156 милиони евра потрошени кај македонските е-продавници во првиот квартал од 2026, се вели во соопштението од АЕТМ. Вредност на реализирани онлајн трансакции Според најновите податоци на НБРСМ за трансакции на места на продажба за е-трговија (без трансакциите со електронски пари), во првиот квартал од 2026 година вкупната вредност на онлајн трансакциите достигнала 16,355.96 милиони денари, односно 265.95 милиони евра, што претставува раст од 18.1% во однос на истиот период минатата година. Во оваа вредност се вклучени онлајн купувањата на македонските граѓани кај домашни и странски е-продавници, како и купувањата на странски потрошувачи кај македонските е-трговци. При тоа, во првиот квартал од 2026 година, кон македонските е-трговци биле реализирани онлајн трансакции во вредност од 9,608.64 милиони денари, односно 156.24 милиони евра, што претставува раст од 16.5% во однос на истиот период минатата година. Од оваа сума, домашните иматели на платежни картички реализирале трансакции во вредност од 8,617.27 милиони денари (140.12 милиони евра), што е 15% повеќе во однос на истиот период лани, додека странските иматели на платежни картички реализирале онлајн трансакции кон македонските е-трговци во вредност од 991.37 милиони денари, односно 16.2 милиони евра, што претставува раст од 32.5%. Овој тренд покажува дека домашните е-продавници…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti