klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ДЗС: Реализирана меѓународна активност за размена на искуства за управување со катастрофи

ДЗС: Реализирана меѓународна активност за размена на искуства за управување со катастрофи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 07. 2026. 13:46:30

Успешно е реализирана меѓународна активност за размена на искуства за управување со катастрофи, урбано пребарување и спасување, противпожарна заштита и итната медицинска помош, соопшти ДЗС. Трочлен тим од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), успешно ја реализираше четиридневната студиска посета во Република Турција, пред неколку денови, при што непосредно се запозна со организацијата и функционирањето на системот за управување со катастрофи, урбано пребарување и спасување, противпожарна заштита и итната медицинска помош на Турција, заедно со претставници од Република Бугарија, во рамки на проектот „СТРО-ВОЛ“. Оваа меѓународна заедничка активност претставува придонес за унапредување на знаењата, јакнење на капацитетите и воспоставување нови партнерства, со цел понатамошен развој на регионалната и меѓународната соработка во областа на заштитата и спасувањето. За време на посетата беа реализирани работни средби со претставници на АФАТ (AFAD - Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби), АКУД (AKUT - најголемата и најстарата волонтерска невладина организација во Турција за спасување при природни катастрофи, планини и други вонредни состојби), УМКЕ (UMKE - Национален медицински спасителен екип - специјализирана владина организација во рамките на Министерството за здравство на Република Турција), Генералната дирекција за шуми (OGM) при Министерството за земјоделство и шумарство на Република Турција, Противпожарната служба на Анталија, како и со…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti