klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите

Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·02. 07. 2026. 19:43:20

Во услови на прогласена кризна состојба поради зголемениот ризик од пожари на отворен простор и шумски пожари, денеска во Центарот за управување со кризи се одржа првата координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи, на која беше усвоен акциски план за превенција и справување со пожарите и беше оценета подготвеноста на надлежните институции за координирано дејствување, соопштуваат од ЦУК. - На седницата присуствуваше директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, заменик-директорот Трајче Јовановски, раководителот на Главниот штаб, Стојанче Ангелов и преставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, Црвениот крст на Република Северна Македонија, Министерството за здравство, Итната медицинска помош, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за разузнавање, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и други надлежни институции - наведуваат оттаму. Дополнуваат дека на седницата била разгледана актуелната состојба со пожарите и подготвеноста на институциите за координирано постапување во услови на кризна состојба. - Главниот штаб го усвои Акцискиот план за превенција и справување со пожарите, со кој се предвидува координирано ангажирање на човечките и материјално-техничките ресурси, подобрување на меѓуинституционалната координација и обезбедување постојана комуникација за навремена реакција при пожари - дополнуваат од ЦУК.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti