Џем од сливи (печен во рерна)

Ако обожавате домашни зимници без многу мешање и стоење покрај шпорет, овој џем од сливи е вистинскиот избор. Се подготвува едноставно во рерна, а резултатот е густ, миризлив и богат џем со природен вкус на зрели сливи. Потребни состојки: 7 кг сливи (исчистени од семки) 700 г шеќер 2 ванилин шеќери 1 лажица вински оцет Подготовка: Сливите измијте ги, исчистете ги од семките и измерете точно 7 кг. Оставете ги пресечени на половинки. Измешајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Во длабока тава за печење или тенџере редете ред сливи, па посипете со дел од шеќерот. Повторувајте додека се потрошат состојките. Додадете го и оцетот. Загрејте ја рерната на 200°C и печете околу 4 часа. Во текот на печењето промешајте 2–3 пати за рамномерно да се згусне џемот. Кога ќе биде готов, извадете го и оставете кратко да се подизлади. Во меѓувреме стерилизирајте ги теглите во рерна на 100°C. Топлиот џем наполнете го во жешките тегли, веднаш затворете ги со капаци и оставете ги во рерната да се ладат постепено околу 24 часа.


