klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Двајца повредени по уривање на зграда во Сиднеј

Двајца повредени по уривање на зграда во Сиднеј
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·03. 08. 2026. 09:25:52

Две лица се во тешка состојба откако се урна зграда на градилиште до бензинска пумпа во центарот на Сиднеј. Итните служби биле известени за уривањето во квартот Ултимо денеска непосредно пред 11 часот по локално време, а по пристигнувањето затекнале ѕид и покрив кои се урнале врз блиските автомобили, пренесува Еј-Би-Си Њуз. Маж во шеесеттите и маж во триесеттите години биле извлечени од под урнатините и пренесени во болница во тешка состојба. Уште пет лица биле прегледани од лекари, но нивната состојба не барала болничко лекување. Вршителот на должноста началник на противпожарната служба Питер Мареј изјави дека станува збор за „значително уривање на покривот“. - Дел од таа зграда се урна и дел од шутот падна врз автомобилите паркирани во кругот на бензинската пумпа – рече Мареј.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti