klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ЦУК: Вечерва на територијата на државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а 10 се изгаснати

ЦУК: Вечерва на територијата на државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а 10 се изгаснати
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·29. 06. 2026. 19:03:37

До 18:00 часот вечерва на територијата на државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а 10 се изгаснати, информираат од ЦУК. Активен пожар има во Општина Василево – село Василево, каде гори депонија. Изгаснати се пожарите во Општина Дебар – село Гари (ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума), Општина Центар Жупа – Центар Жупа (нива), Општина Валандово – село Касандол (ниска вегетација), Општина Долнени – село Житоше и село Локвени (ниска вегетација и ѓубре), Општина Битола – нас. Мал Париз (ниска вегетација), Општина Аеродром – населба Драчево (ѓубре), Општина Чучер Сандево – село Блаце (ниска вегетација и шума), Општина Шуто Оризари – улица Брњачка Буна (ниска вегетација и ѓубре), Општина Тетово – патот Тетово – Брвеница (ниска вегетација), Општина Кратово – село Железница (депонија).

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti