klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија

Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·20. 10. 2026. 14:49:13

Државна лотарија презеде мерки за отстранување на наследените неправилности уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. Ревизијата на работењето на Државната Лотарија во овие постапки од страна на Државниот завод за ревизија беше по наше барање и иницијатива. Таа постапка беше иницирана во првиот месец после назначување на новиот менаџмент. Новото раководство на Државна Лотарија не го чекаше доставувањето и објавување за да постапи по слабостите наследени од претходното раководство, туку иницираше конкретни постапки за прекин на спорните активности и усогласување на работењето со законските обврски. Ова е суштински факт за правилно информирање на јавноста. Преземените мерки не се одговор на актуелните медиумски објави, туку дел од веќе започнат процес на решавање на наследените проблеми. Нивната цел е да се запре продолжувањето на спорните практики, да се заштити јавниот интерес и да се воспостави одговорно корпоративно управување, а во заштита на државниот интерес и капитал. Државна лотарија со целосна сериозност пристапи кон наодите и препораките на Државниот завод за ревизија. Тие се важна основа и за понатамошно постапување како и за дополнително зајакнување на контролата и законитоста во работењето. Нашата обврска беше и е, утврдените слабости констатирани од наша страна, а се однесуваат на претходното…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti