Svijet Sjeverna Makedonija
До 13 часот регистрирани три пожари на отворено, активен останува само еден

Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·15. 07. 2026. 12:04:26
До 13:00 часот денеска во државата се регистрирани три пожари на отворен простор, од кои еден е сè уште активен, еден е ставен под контрола, а еден е целосно изгаснат, информира Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во Општина Куманово, на месноста Пармакови Ниви, каде гори ниска вегетација. Под контрола е ставен пожарот во Општина Ново Село, во атарот на селото Бајково, каде беа зафатени ниска вегетација и мешана шума. Во меѓувреме, целосно е изгаснат пожарот во Општина Долнени, во атарот меѓу селата Дебреште и Ропотово, каде гореше ниска вегетација.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

