klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·21. 10. 2026. 11:52:18

Државната изборна комисија (ДИК) денеска едногласно го усвои заклучокот за конечност на резултатите од првиот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, каде на 1 ноември ќе се одржи втор круг. Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ на денешната 23. седница информираше дека истекле двата законски рока за поднесување приговори, а до Комисијата не бил поднесен ниту еден приговор. – За јавноста би сакал да известам дека истекоа и двата рока за поднесување приговори, и оној за постапката на гласањето, кој истече вчера во 19 часот, и оној за постапката за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето, кој беше до денеска во 12:30 часот. До истекувањето на овие два рока ниту еден приговор не беше поднесен до Државната изборна комисија - рече Маричиќ. Согласно усвоениот заклучок, по гласањето одржано на 18 октомври, на кое не е избран градоначалник во првиот изборен круг, вториот круг во Брвеница ќе се одржи на 1 ноември. Во вториот круг ќе учествуваат кандидатот под реден број 1 Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и кандидатот под реден број 6 Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција. https://www.youtube.com/watch?v=3Hu0gpm3W_s

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti