klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

ДИК: Излезеноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

ДИК: Излезеноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·18. 10. 2026. 14:39:07

Гласањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 15 часот се одвива непречено и без забележани потешкотии, а излезеноста изнесува 31,17 проценти, соопшти Државната изборна комисија на прес-конференција. Според податоците на ДИК, до 15 часот гласале 5.064 граѓани на сите 24 избирачки места во општината. Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, кога до истиот временски пресек гласале 4.932 избирачи, излезеноста е зголемена за 0,62 процентни поени. Од Комисијата информираа дека до попладневните часови биле поднесени седум приговори, од кои два се усвоени и избирачите го добиле своето избирачко право, еден е одбиен како неоснован, додека четири се во постапка на разгледување. ДИК најави дека следниот пресек на излезеноста ќе биде соопштен во 18:30 часот, врз основа на податоците заклучно со 18 часот. Жителите на Општина Брвеница денеска избираат градоначалник на предвремените локални избори, распишани по смртта на дотогашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава. За градоначалничката функција се кандитирани шест кандидати. Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески е кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, Јакуп Усеини настапува како кандидат на коалицијата ВРЕДИ, Аркин Јахији е кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ), а…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti