Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат за градоначалник на предвремените локални избори откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски. Денеска според, податоците на Државната изборна комисија, ќе гласаат 88 болни и изнемоштени лица. На изборите за градоначалник на Брвеница се гласа за шестмина кандидати на четири политички блока и двајца независни кандидати. Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески од Коалицијата предводена од СДСМ за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница 2026 година, независниот кандидат Душан Богдановски, Јакуп Усеини од Коалиција ВРЕДИ, независната кандидатка Арифе Идризи и Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција (НАИ). Функцијата на вршител на должноста градоначалник во изминатите месеци ја извршуваше Роберт Милошески. Утре избирачките места се отвораат во 7 часот и се гласа до 19:00 часот, а денеска гласаат според ДИК 88 болни и изнемоштени. Во Избирачкиот список во десетте населени места во Брвеница се запишани 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи. (МИА)
Povezane vijesti

Во Брвеница во недела се одржуваат предвремени избори за нов градоначалник

Радичевски: Ќе работиме за подобра инфраструктура, инвестиции и нови можности за младите во Брвеница
