klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Детали за сообраќајката кај Глумово, малолетници меѓу повредените

Детали за сообраќајката кај Глумово, малолетници меѓу повредените
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 07. 2026. 11:38:54

Пет лица од кои две малолетни се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 19:30 часот се случи на автопатот Тетово- Скопје, во близина на наплатна рампа Глумово. Во несреќата учествуваа, „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(33) од Скопје и возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната Л.А. од с.Патишка Река, скопско. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, сопатникот М.А.(24) и уште една малолетна сопатничка од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“, велат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti