klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Детали за пожарот во Општина Сопиште: Активирани трите „Ер трактори“, гори нискостеблеста шума

Детали за пожарот во Општина Сопиште: Активирани трите „Ер трактори“, гори нискостеблеста шума
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·08. 08. 2026. 12:54:43

Тежок пожар попладнево изби на територија на Општина Сопиште, зад Водно. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов информира дека трите авиони „Ер трактори“ се упатени да интервенираат. Градоначаникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски кој е на лице место во изјава за Курир вели дека пожарот е избувнат во селото Чифлик кон селото Св. Петка. -Гори нискостеблеста шума, нема опасност за селото. Направен е коридор за да се спаси шумата на Водно. На терен интервенираат екипи од скопската противпожарна бригада со командирот Ѕвонко Томевски, припадници на општинското доброволно противпожарно друштво, дел од локалното население. Ги очекуваме и „Ер тракторите“ на ДЗС, вели Мицевски за Курир. На терен интервенираат и четири пинцгауери.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti