Судење против судија Ристов: Станот во Скопје од 150 квадрати заеднички го финансирале неговите родителите и на неговата сопруга

На денешното рошиште во Кривичниот суд во Скопје, против апелацискиот судија Ѓоко Ристов прв сведочеше таткото на сопругата на Ристов, кој одговараше на прашања на одбраната во врска со купопродажба на стан во Скопје. Тој рече дека станот е околу 150 квадрати, во вредност од околу 140 илјади евра. -На семејна средба се договоривме заеднички да учествуваме во финансирањето на станот, пола - пола да учествуваат двете страни - одговори тој на прашање од одбраната. Парите што ги дале, 70 илјади евра - половина како што се договориле, биле во евра, а тој и неговата сопруга учествувале и во опремување на посочениот стан од нивната ќерка. Наведе и дека со клаузула потврдена со изјава на нотар, станот дополнително ќе биде впишан на неговиот внук, којшто го носи неговото име. Сведочеше и Емилио Фришчиќ, вешто лице од областа на испитување спорни документи, вештачење на ракописи и потписи. -Останувам севкупно на напишаната содржина во записниците - рече вештакот за неговиот извештај. Тој рече дека одредено лице кое пишува нешто на хартија, со површината од кожата допира на хартијата, голема е веројатноста со сигурност, дека од тој контакт ќе останат епителни клетки што можат да бидат предмет на вештачење на ДНК. Но, доколку…


